• спа-центарот нуди 2 приватни базени.
  • Терапијата со кал е многу посебен третман, како и самите води. Оваа единствена терапија се состои од 100% природна вулканска кал што се наоѓа во близина на термални извори.
  • Масажи од специјализирани и искусни физио терапевти, интимна атмосфера со поглед на хотелскиот парк, погодна и за индивидуални и за парови масажи. Препорачано за сите возрасти, како за луѓе кои страдаат од болка во одредени области, така и за здрави луѓе кои сакаат да го ослободат стресот и да го освежат телото.
  • Третманите за лице се првиот чекор кон чистење на кожата. Третманите се прилагодени на типот на кожа на клиентот или проблематичните области. Секоја кожа е различна, без разлика дали е сува или мрсна, чувствителна или нормална, или комбинација од двете, но кај нас секогаш ќе го најдете решението. Нанесувањето маски за лице потоа не само што ќе ја подмлади вашата кожа, туку ќе биде и опуштачко за вас.
  • Сауна: Потењето ги отстранува нечистотиите од телото и е најдобар начин за детоксикација. Потењето, исто така, ја зголемува циркулацијата на крвта со ширење на крвните садови и значително го намалува крвниот притисок.
  • Парна бања: Има слични ефекти како сауната, но разликата е во тоа што потењето се одвива во парна соба каде што влажноста на воздухот е речиси 100%. Престојот во такви услови значително го зголемува имунитетот на телото и дава чувство на опуштеност.
 

ЕФЕКТИТЕ НА БАЊСКОТО ЛЕКУВАЊЕ:

Заболувања на локомоторен апарат
Заболувања на нервниот систем
Заболувања на гастро-интестиналниот систем
Заболувања на респираторниот систем
Заболувања на уро-гентиналниот систен
Ендокрини заболувања
Ортопедски заболувања и состојби после трауми
Кожни заболувања